Мегафон

Потрошувачите избраа: Виталиа – најпознат бренд за здрава храна за 2021

Потрошувачите избраа: Виталиа – најпознат бренд за здрава храна за 2021

Во истражувањето спроведено од компанијата за истражување, анализи и консалтинг – InsiderID, “Најпознатите брендови според потрошувачите во Македонија”, Виталиа ја задржува позицијата и во 2021 како најпознат бренд во категоријата ЗДРАВА ХРАНА. Анализирани се вкупно 18 категории на производи, а анкетирани се повеќе од 1,250 активни потрошувачи на територијата на целата држава.

Здравата исхрана во моментов е меѓу најактуелните категории на светските пазари, а во Македонија станува се поинтензивна, се поради фактот што потрошувачите се насочуваат кон здрави и функционални производи за одржување на нивното здравје, како и за превенција од болести.

„Виталиа“ е добро препознатливо име на македонскиот пазар и кај македонскиот потрошувач, бренд, кој повеќе од 27 години, здравата исхрана ја поставува како приоритет. Виталиа е нашиот амбасадор, најуспешната компанија во оваа категорија, со застапеност на својата програма во повеќе од 55 земји во светот и  со белег на секој производ со знакот „Made in Macedonia“.

“Не радува фактот што македонските купувачи ги препознаваат бенефитите на нашите производи и континуирано го бираат брендот Виталиа како главен сојузник за одржување на нивното здравје, особено денес, во услови кога светот се соочува со последиците од пандемијата. Потрошувачите знаат што е најдобро за нив, а ние ќе продолжиме со исполнување на нивните потреби и комплетна грижа за нивното здравје преку производство на висококвалитетни и иновативни  производи. Секој производ што го развиваме го создаваме со максимална посветеност ,од срце, и мора да ги задоволи, пред сè, нашите строги критериуми за квалитет и за функционалност , без компромис на вкусот” – изјавуваат од Виталиа.

Само минатата година, во услови на пандемија, Виталиа ја зголеми својата производна програма со бројни иновации и нови продукти, со што забележа раст од 13 % на македонскиот пазар и над 5% на глобалните пазари. Воедно својата лидерска позиција ја зацврсти со проширување на позициите и до 80 % market share, со што се издигна на листата на премиум бренд со најдобар резултат и апсолутен успех.

Со изградбата на нов објект од 1000м2, компанијата го продолжува трендот на инвестиции во развојните активности за проширување на капацитетите, со што во иднина се отвараат нови можности за зголемено производство и извоз на меѓународните пазари.

Со младиот енергичен тим на компанијата кој во моментот ја раководи, ваквите цели се остварлив предизвик и мотивација за унапредување, иновирање, раст и развој.