Предлог за лесен и брз лесен оброк со тестенини и зеленчук.
Потребни состојки:
-300 тестенини
-брокула
-2 чешни лук
-1 павлака за готвење
-150 г панцета
-1 јајце
-рендан пармезан
-сол, бибер
Начин на подготовка:
Сварете ги тестенините и брокулата во солена вода. Ситно исечете ги лукот и панцетата, па попржете на загреано масло. Внимавајте лукот да не прегори, тогаш добива горчлив вкус.
Изматете ги јајцата и додадете павлака. Соединете ги брокулата и тестенините со панцетата, ставете ги во огноотпорен сад, па прелијте со смесата од павлака и јајца.
Наросете со изрендан пармезан и оставете да се запече околу 10 минути.
извор: Кајгана
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.