Радио Милева
Предупредена

После разделбата со Пике, Шакира во поголема неволја: Обвинителите за пејачката побараа осум години затвор за даночно затајување (фото)

После разделбата со Пике, Шакира во поголема неволја: Обвинителите за пејачката побараа осум години затвор за даночно затајување (фото)

Светски познатата пејачка Шакира е обвинета за затајување данок од 15 милиони долари, за што и се заканува затворска казна до 8 години.
Шпанското обвинителство ја предупреди Шакира дека може да биде осудена на осум години затвор доколку биде прогласена за виновна за наводна даночна измама од 15 милиони долари.

Колумбиската суперѕвезда (45) веќе ги врати 15,5 милиони долари за кои беше обвинета дека затаила шпански данок, како и над 3 милиони долари камата.

Портпаролот на Шакира рече:

– Шакира отсекогаш соработувала и го почитувала законот, покажувајќи беспрекорно однесување како поединец и даночен обврзник и верно следејќи ги советите на престижна и глобално призната даночна фирма.

Шпанското обвинителство бара и парична казна од 24,5 милиони долари за пејачката, која е обвинета за шест точки за измама на државата во периодот од 2012 до 2014 година.

Ова се случи откако Шакира одби вонсудска спогодба, која би вклучила нејзино признавање на вината.

Таа веќе ги вратила парите што наводно ги должи на Трезорот, заедно со каматата, за која, како што веќе наведовме, се верува дека се над 3 милиони долари, пренесува Дејли меел.

Шакира Изабел Мебарак Рипол всушност беше обвинета дека се преправала дека живее во странство и користела сложена офшор корпоративна структура за да ги избегне даноците.

Луѓето кои поминале повеќе од 183 дена во дадена календарска година во Шпанија се сметаат за жители на Шпанија и подлежат на даночни цели.

Даночните инспектори повеќе од една година ја проверуваа Шакира, дури и ги посетуваа нејзините омилени фризери во Барселона и ги проверуваа социјалните мрежи, за да покажат дека поголемиот дел од трите години поминала во Шпанија.

Заклучиле дека таа во 2012 година поминала во Шпанија 242 дена, во 2013 година 212 дена и во 2014 година 243 дена.

Во извештајот што обвинителите го поднеле со нивната кривична пријава, се наведува дека времето поминато надвор од Шпанија било „спорадични отсуства“ поврзани со работните обврски.

Шакира негираше каква било измама.

На почетокот на годинава пејачката и фудбалерот Пике се разделија, наводно поради неверството на Пике.

Се вели дека Шакира двапати се обидела да ја обнови врската, но Пике ја одбил, пред парот да потврди дека се разделува.

И покрај разделбата, се чини дека останаа во добри односи и беа видени како заедно присуствуваат на спортските игри на нивните деца.

Фото:Принтскрин/Грег Ален/Јутјуб

Останати вести од Радио Милева