Радио Милева
роденден мала забава

Посебно одело и прослава во елитен ресторан: Сите детали за првиот роденден на Жељко Ражнатовиќ

Посебно одело и прослава во елитен ресторан: Сите детали за првиот роденден на Жељко Ражнатовиќ
фото: Бојана Кесиќ/ Дамир Дервишагиќ

Синот на Вељко Ражнатовиќ и внукот на Цеца Ражнатовиќ, малиот Жељко утре (03.06.2021) ќе го прослави својот прв роденден и по тој повод ќе биде организирана  прослава во еден белградски ресторан.

„Цеца одлучи посебно да го одбележи овој ден. Затоа се договори со Богдана и Вељко да направи забава. Ангажираа фирма која ќе биде задолжена за декорација и кетеринг, а забавата ќе биде во елитен ресторан. Се ќе биде декорирано во сино – бели бои. Жељко ќе носи одело кое е специјално направено за него, а Цеца ќе биде во фустан кој е направен посебно за ова прилика. Се уште не се знае што Цеца ќе купи на внукот за подарок“, вели извор.

фото: Инстаграм/цеца ражнатовиќ

Бидејќи наближува роденденот на малиот Жељко, тетка му Анастасија едвај чека да прослави.

„Како вчера да се роди, а тој пред неколку дена прооди. Веќе зборува и вели мама, тато, дедо. Еднаш мене ме кажа тетка и толку“, неодамна изјави Анастасија Ражнатовиќ.

фото: принтскрин/дами дервишагиќ

Инаку, екипата на курир.рс неодамна го посети Тител, каде што живеат Богдана и Вељко, а соседите имале само пофални зборови за парот.

Останати вести од Радио Милева