Радио Милева
утеха

Поранешниот на Нина Бадриќ е милионер: Кога се разведоа тој брзо најде нова убавица со која и денес е во брак (фото)

Поранешниот на Нина Бадриќ е милионер: Кога се разведоа тој брзо најде нова убавица со која и денес е во брак (фото)

Пејачката Нина Бадриќ беше во брак со милионерот Бернардо Красниќ, но овој брак не и успеа. И покрај големата љубов на сега веќе бившиот брачен пар, несудениот на Нина набрзо се оженил за убавица со необично име.

Бернард моментално е во брак со Латица Иванишевиќ, за која велат дека е вистинска убавица.

Инаку, Нина и Красниќ беа во врска 12 години, а во 2003 година се верија во Дубровник, па се венчаа, а потоа раскинаа и продолжија понатаму секој по својот пат.

Свадбата од бајките се одржа пред 180 гости, а Нина блескаше во скапа венчаница. Тогаш, луда од љубов, немала поим дека на љубовта ќе и дојде крајот по само три години, пренесуваат медиумите.

Нина дури испрати и официјално писмо до јавноста во кое како причина за разделбата ги наведе непомирливите разлики и емотивната дистанца. Сепак, после тоа успеаја да го спасат бракот и официјално се разведоа дури во 2012 година.

Пејачката постојано даваше изјави за медиумите за колапсот на нејзината љубов со милионерот.

„Ние на бракот не му дадовме една, туку две шанси, но за жал не успеа. Се разбира, не сум среќена поради тоа, но барем не можам да се обвинам себеси што не направивме сè за да го задржиме нашиот брак жив“, изјави тогаш Бадриќ.

Бернард брзо најде утеха во Латица Иванишевиќ, со која се ожени во 2015 година, по две годишна врска. Латица на јавноста и е најпозната по врската со тенисерот Маријан Анчиќ, со кој раскина на почетокот на 2011 година.

Фото: Принтскрин/Зорана Јефтиќ

Останати вести од Радио Милева