Радио Милева
повторно е во центарот на вниманието

„Поради таа улога морав да спијам со 200 мажи“- Таа беше сон на секој тинејџер, денес има 60 години и не остарела ниту ден (фото)

„Поради таа улога морав да спијам со 200 мажи“- Таа беше сон на секој тинејџер, денес има 60 години и не остарела ниту ден (фото)

Џенифер Кулиџ ѕвездата  од „American Pie“, „Legally Blonde“ и најновата хит серија  „White Lotus“ моментално е во центарот на вниманието.

Благодарение на „American Pie“, Џенифер Кулиџ беше сон на секој тинејџер во раните 2000-ти, па наваму. Меѓутоа, таа сега призна дека култната улога на мајката на Стифлер влијаела на нејзиниот сексуален живот.

Миленичката на публиката и ЛГБТ заедницата изјави дека благодарение на филмскиот хит спиела со 200 мажи, а дека од 1999 година најмногу и се нудат улоги на секси мајки.

„Имав многу бенефиции поради тој филм. Како да кажам, да не беше тој немаше да спијам со 200 луѓе. Можеби го добив целото тоа внимание само затоа што луѓето сè уште ме гледаа како мајка на Стифлер или поради мојата улога во „Legally Blonde“ Пред тоа имаше луѓе до кои не можев да дојдам, а потоа ме повикаа да бидам дел од нивниот проект“, изјави Кулиџ за „Variety“.

Џенифер Кулиџ изјави дека пред снимањето на серијата „Белиот лотос“ била многу незадоволна од својот изглед бидејќи се здебелила за време на карантинот.

„Не ми се допадна како изгледам, иако Мајк Вајт (режисерот на серијата) ја напиша улогата специјално за мене. Не знаевме дека ќе биде хит. За малку ќе ја пропуштив можноста само затоа што бев убедена  дека не изгледам како што треба“, рече Кулиџ.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

Останати вести од Радио Милева