Радио Милева
згасна млад живот

Популарниот пејач почина на 34 годишна возраст: Безживотното тело пронајдено во када

Популарниот пејач почина на 34 годишна возраст: Безживотното тело пронајдено во када

Популарниот рапер Арон Картер(34) е пронајден мртов во када во неговиот дом во Ланкастер, Калифорнија.

Арон беше брат на познатата поп икона и пејач на Backstreet Boys, Ник Картер, објави британскиот весник „Дејли мејл“.

Полицијата соопшти дека во 11 часот по локално време добила итен повик дека „маж се удавил во када“.

На местото на настанот се испратени детективи.

Арон стана познат во доцните 1990-ти како поп пејач.

Објавил четири албуми, од кои првиот кога имал само девет години.

Имал проблеми со зависноста, поради што неколку пати бил на рехабилитација, пишува „Дејли мејл“.

фото:Инстаграм

Останати вести од Радио Милева