Љубов и Секс

Полнети тиквички со пилешко и печурки

Полнети тиквички со пилешко и печурки

Направете вкусен и здрав ручек. Станува збор за поховани тиквички полнети со пилешко

Состојки:

  • четири тиквички
  • 250 гр обарено пилешко бело месо
  • 200 гр печурки
  • две лажици благ кечап
  • јајце
  • две лажици кисела павлака
  • маслиново масло
  • магдонос
  • сол, бибер

Подготовка:

Тиквичките измијте ги, исечете ги по должина и издлабете ги. Во секоја ставете пилешко исечкано на коцки, посолете и побиберете.

Прелијте со малку кечап, наредете ги печурките исечени на листови, па повторно посолете и посипете со магдонос. На крај малку попрскајте со маслиново масло.

Се пече на 200 степени додека не порумени. Извадете ги тиквичките од рерна, па прелијте ги со смесата од изматено јајце и павлаката. Вратете ја во рерна уште пет минути да се пече. Послужете со сезонска салата.

На здравје!

извор: курир.мк