Радио Милева
малку поинаков уметник

Полина Тасева смени професија? (ФОТО)

Полина Тасева смени професија? (ФОТО)
 Сите знаеме дека пандемијата најмногу им наштети на музичарите. Веќе цела година не се слуша жива музика од кафулињата, клубовите и рестораните, нешто по што бевме препознатливи. Па така голем дел од нашите музичари во изминатава година се трудат да го задржат духот и формата, а некои сменија и професија.
Младата и талентирана пејачка Полина Тасева е една од нив. Во отсуство на живи настапи почна да се занимава со еден малку поинаков вид на уметност, вајарство.

Но, не као нова професија, ниту пак како дополнителна дејност, туку тоа беше само за потребите на новото видео кое Полина деновиве го снимаше на неколку локации во Скопје.

Видеото е всушност визуелизација на песната „Ти”, за која музиката и аранжманот се на Иван Петровски, а текстот заедничко дело на Полина и Иван.
Што се изваја од вештите раце на атрактивната Полина, останува да видиме наскоро!

Останати вести од Радио Милева