Радио Милева
каква мајка, таква ќерка

Покажа од кого ја наследила својата убавина: Вака изгледа мајката на згодната фитнес инструкторка Ана Стојанова (фото)

Покажа од кого ја наследила својата убавина: Вака изгледа мајката на згодната фитнес инструкторка Ана Стојанова (фото)

Ана Стојанова е позната фитнес инструкторка, мотиватор и советник за здрава исхрана.

Ана на  социјалните мрежи односно на „Инстаграм“ каде што има повеќе од 87 000 следбеници редовно промовира здрави програми за исхрана, вежби, здрави рецепти со цел да ги мотивира и охрабри они кои не се задоволни со својот изглед да се ослободат од вишокот на килограми и да ја доведат својата линија до совршенство.

Благодарание на Ана Стојанова и нејзините програми, многумина успеа да се ослободат од плус килограмите и да изгледаат подобро од кога и да било.

Ана секојдневно објавува постови поврзани со нејзината професија и ангажмани. Меѓутоа, овојпат фитнес инструкторката покажа од кого ја наследила убавината.

Имено, во кусите приказни на „Инстаграм“ таа сподели фотографија од нејзината мајка Стојна Стојанова.

Мајката на Ана е вистинска дама со стил, модерна, згодна, елегантна убавица како и нејзината ќерка. Сега е јасно од кого Ана ја наследила убавината. Дали мама Стојна ги користи советите и програмите за здрава храна на нејзината ќерка не знаеме….но од приложенто може да се забележи дека мама Стојна е вистинска убавица.

„Мајка“, напиша фитнес инструкторката во описот на фотографијата.

Мама Стојна позираше во црна комбинација, минамална шминка и фризура која одлично и стои на нејзиното лице и во вакво издание изгледа за чиста 10ка.

Каква мајка, таква ќерка!

фото: принтскрин/инстаграм/ана стојанова

Останати вести од Радио Милева