Сигурно ќе се сложите дека храната има многу поубав вкус доколку е подготвена на скара.
Единствен недостаток при подготвувањето храна директно на решетка е тоа што некои намирници се лепат за решетката, што нималку не е згодна околност.
За среќа, постои идеално решение за овој проблем. Сѐ што треба да направите е да земете едн жив компир и со него да ја премачкате врелата површина на скарата, при што ќе дојде до испуштање на скроб од компирот, кој е заслужен за создавање нелеплив слој врз решетките од скарата.
Пробајте и уверете се сами.
Извор: Прес24мк
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.