Живот и Стил

Погледнете како некогаш изгледаа новогодишните честитки

Погледнете како некогаш изгледаа новогодишните честитки

Иако развојот на побрзи канали за комуникација, пред сè Интернет, речиси и да ја укина практиката на праќање празнични честитки до роднините и пријателите, во минатото тоа беше убава пракса.

Според Смитсонијан, првата божиќна честитка датира од 1843-та година, кога сер Хенри Кол сакал да одговори на многуте писма што ги добивал по воведување на поштата, но не знаел како да го направи тоа брзо и ефикасно.

Не би било учтиво ако не возврател на празничните честитки и поздравите, па како решение, го ангажирал својот пријател уметник да ја илустрира семејната празнична прослава.

Потоа нарачал 1000 примероци од тие честитки на кои пишувало Среќен Божиќ и Среќна Нова Година (A Merry Christmas and A Happy New Year To You).

До 1880-те, празничните честитки беа вистинска традиција, а бидејќи семејствата се раселија низ светот поради зголемената индустријализација, честитките станаа идеален начин за повторно поврзување.

Во честитките доминираа божиќни и зимски мотиви, како накитена елка, Дедо Мраз, снег, санкање, деца и семејство.

Чувате ли вие некоја новогодишна честитка?

извор: кармин.точка.мк