Радио Милева
заеднички перформанс

Подготвуваат спектакл: Кија Коцкар и Аца Лукас заедно ќе учествуваат на изборот на песната за Евровизија 2022

Подготвуваат спектакл: Кија Коцкар и Аца Лукас заедно ќе учествуваат на изборот на песната за Евровизија 2022

 

Се ближи музичкиот натпревар „Песна за Евровизија 2022“, а пејачот Аца Лукас ќе се натпреварува и ќе се бори да ја претставува Србија на Евровизија.

Како дознава курир.рс, во перформаност на Аца Лукас ќе учествува и победничката на „Задруга 1“, Кија Коцкар.

-Кија и Аца започнаа со подготовките. Планираат заеднички настап на изборот на песна за овагодинешната Евровизија, а перформаност го подготвуваат во строга тајност. Се крие улогата на Коцкар и дали таа ќе се појави на сцена, тврди добро известен извор.

По тој повод се огласи и Коцкар која порача:

=Ќе се видиме на фестивалот „Песна за Евровизија 2022“,изјави Кија.

За потсетување, менаџерот на Аца Лукас неодамна истакна дека песната која ќе ја отпее Аца Лукас е голем хит и има големи шанси тој да оди на Евровизија во Италија.

Инаку, и Тијана Дапчевиќ со песната „Љуби, љуби довека“ ќе учествува на изборот на песна на Евровизија.

фото: ало.рс/инстаграм/кија коцкар/аца лукас

Останати вести од Радио Милева