Мегафон

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА УТРЕ И ЗАДУТРЕ- вистински температурен шок доаѓа во Македонија- еве ги деталите

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА УТРЕ И ЗАДУТРЕ- вистински температурен шок доаѓа во Македонија- еве ги деталите

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во северните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8, покажува прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб јужен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 35 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и се потопло време со пораст на дневната температура. Особено топло ќе биде во недела и понеделник, кога во најголемиот дел од земјава температурата ќе надминува 35 степени. Од вторник за неколку степени пониски температури.