Мегафон
тажна вест

Почина тапанарот на култната рок група „Атомско склониште“: Никица Дураковиќ замина во вечноста

Почина тапанарот на култната рок група „Атомско склониште“: Никица Дураковиќ замина во вечноста

Никица Дураковиќ, поранешниот тапанар на култната рок група  „Атомското склниште“, ненадејно почина во неделата, 17 октомври 2021 год. на 56 -годишна возраст.

Веста ја потврдиле членовите на бендот „Double Dose Blues“ во кој беше член, но тие не биле подготвени да даваат изјави.

Музичарот, исто така, свиреше во пулските групи „Стабилизација“, „Гори Уши Винету“ со кого го сними легендарниот албум „Адио Пола“, и беше ко-основач на блуз бендот „Double Dose Blues Banda“.


Тој исто така го сними последниот албум „Тера мистика“ со „Атомско склониште“. Членовите на бендот со кој настапуваше, исто така, се збогуваа со музичарот.

„Драги пријатели, по повеќе од 20 години дружење и свирење заедно, тапанарот Никица Дураковиќ – Ник не напушти…“ – напишаа членовите на „Double Dose Blues Banda“, а се и огласија и од „Атомско склониште“.