Мегафон
тажна вест

Почина рокерот Мит Лоуф

Почина рокерот Мит Лоуф

Mит Лоуф, пејачот чиј албум Bat Out Of Hell е еден од најпродаваните на сите времиња, почина на 74-годишна возраст.

Веста ја потврди неговото семејство на Фејсбук-страницата на ѕвездата.

„Нашите срца се скршени да објавиме дека неспоредливиот Мит Лоуф почина вечерва со сопругата Дебора покрај него“, се наведува во објавата.

„Ќерките Перл и Аманда и блиски пријатели беа со него во последните 24 часа. Знаеме колку тој значеше за толку многу од вас и навистина ја цениме сета љубов и поддршка додека поминуваме низ овој момент на тага поради губењето на еден таков инспиративен уметник и прекрасна личност.“

Музичката легенда продаде 100 милиони албуми ширум светот, а се појави и во филмови како Fight Club, Rocky Horror Picture Show и Wayne’s World.

Еден од неговите најголеми хитови I’d Do Anything for Love (But I Won’t Do That), му донесе „Греми“ награда за најдобра рок-изведба.