Мегафон
тажна вест

Почина Петар Станоевски, новинар во „Вечер“, музичар и рок гитарист

Почина Петар Станоевски, новинар во „Вечер“, музичар и рок гитарист

На 19 јануари, 2021 година, вторник, почина колегата долгогодишен новинар во редакцијата на дневниот весник „Вечер“ и музичар, рок и блуз гитарист, Петар Становски. Станоевски беше и еден од организторите на манифестацијата вечерово лицена годината, односно „ТВ лице на годината“ која со години се одржуваше избирајќи ги најпопуларните лица од шоубизнисот, естрадата, културата, спортот, уметноста, филмот, театарот, телевизијата…

Петар или Перо – „Пешак“ како што го знаеја во скопските музички кругови, беше и одличен музичар, извонреден гитарист кому рок ен ролот и блузот му беа и во крвта и во прстите.

Од неколкуте групи кои самиот ги оформи или во нив членуваше, најмногу ќе остане запаметен по дуото „Ловци на бисери“ во кое покрај него беше уште и клавијатуристот и музички продуцент, Бранко Попчевски.

Меѓу бројните збогувања на социјалните мрежи со Петар Станоевски на пријателите, македонските музичари и музички работници, колегите – новинари…, неговата некогашна колешка од редакцијата на „Вечер“, новинарката Марија Таушанска – Анастасовска, во својот проштален статус на Фејсбук напиша:

„Не напушти и Петар Станоевски, новинар , гитарист, композитор…Со години бевме колеги во нашиот „Вечер“, делевме и добро и лошо. Ми помогна многу во еден тежок период од мојот живот, нема да го заборавам никогаш тоа. Заедно го подготвувавме последниот избор на Вечерово ТВ лице на годината во 2006 г., за кој и сега се зборува. Патувај кон светлината Перо, ќе остане музиката на бендот „Ловци на бисери“, во кој членуваше со Бранко Попчевски, многу настапи, дружби, спомени…“!

Редакцијата на нашиот портал Вистина.ком.мк искажува последен поздрав на Перо, со кој некои од нас лично се познаваа и соработуваа, со изрази на длабоко и искрено сочувство до семејството.