Мегафон

Тажна вест: Почина Љубиша Никодиновски – Биш, еден од основачите на MOT

Тажна вест: Почина Љубиша Никодиновски – Биш, еден од основачите на MOT

Почина Љубиша Никодиновски-Биш, театарски актер и продуцент и еден од основачите и долгогодишен селектор на фестивалот Млад отворен театар (МОТ) во 1976. Тој е еден од основачите и прв генерален секретар на Македонскиот центар на ИТИ-Унеско. Во 2010 беше прогласен за почесен претседател на МОТ.

Се занимаваше со и театарска критика и есеистика, а бил и раководител на театри. Автор е на број статии и студии од областа на театарот, а во 2009 ја објави книгата „Алтернативниот театар во Македонија“.

Како тетарски глумец работел во театарот Кај Свети Никита Голтарот и Театарската работилница ФФ (Зелена гуска) каде што бил еден од основачите и продуцент. Бил и продуцент во МНТ и раководител на театарот Центар, а во МКЦ бил помошник на директорот за драмската програма.
Биш  ќе биде погребан в петок од 9.00 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.