Радио Милева
тажна вест

Почина легендарниот српски актер Бранко Цвејиќ: Збогум Бане – „Бумбар“…

Почина легендарниот српски актер Бранко Цвејиќ: Збогум Бане – „Бумбар“…

Актерот Бранко Цвејиќ почина во Белград, соопштија од „Југословенско драмско позориште“, но претходно уште вечеравечер медиумите ширум регионот објавија дека актерот е во многу тешка здравствна состојба, за подоцна сите да ја дознаат тажната вест за аминувањето на легендарниот актер .
Имено, легендарниот актер бил хоспитализиран поради лоша здравствена состојба, а подоцна се испоставило дека се работи за кардиоваскуларни проблеми.
На актерот му се слошило пред седум дена на проба во ЈДП, а потоа бил префрлен во Клиничкиот центар на Србија каде било констатирно дека кардиоваскуларните проблеми се предизвикани од жештината.

Засега нема официјална потврда дека причина за смртта е срцев проблем, но ова се најновите информации до коидојдоа медиумите.

Бранко Цвејиќ беше великан на југословенското и српското глумиште. Роден е во 1946 година како син на прочуениот оперски пејач Жарко Цвејиќ. Уште како дете покажал неверојатен талент.

Дипломирал во 1969 година на ФДУ во Белград. Тој припаѓа на таканаречената генерација актерки бебиња на Бојан Ступица.

На негова покана, Бранко и една генерација актери станале и членови на „Југословенско драмско позориште“ во мај 1967 година.

Бил директор на истиот театар од 2002 до крајот на 2011 година.
Популарноста ја стекна со улогата на Бане – Бумбар во серијата „Грлом у јагоде“, но остана запаметен и како Листер од „Семејно благо“.

Тој одигра преку 137 различни улоги во филмови и серии од домашната кинематографија, а не се знае бројот на претстави во различни театри.

Неодамна го гледавме во сериите „Хероите на нашата ера“ , „Александар од Југославија“, но го паметиме и по улогите во „Бољи живот“, „Бела лаѓа“, „Стижу долари“, „Балкан експрес“, „Балкан експрес 2“, „Вруќ ветар“, „Мајстори, мајстори“ и многу други.

Бранко Цвејиќ имаше хармоничен брак кој траеше со децении. Имено, тој и неговата Весна се запознале кога биле многу млади и оттогаш беа неразделни. Нивниот брак никогаш не бил интересен за медиумите, бидејќи во него немало скандали.


Колегите и пријателите со трогателни пораки се збогуваат со големиот уметник, актер, а пред се’ – човек.

Останати вести од Радио Милева