Радио Милева
тажна вест

Почина еден од омилените ликови од серијата „Сексот и градот“

Почина еден од омилените ликови од серијата „Сексот и градот“

Познатиот актер Вили Гарсон познат по улогата Стенфорд од серијата „Сексот и градот“ почина на 57 години.

Американските медиуми тврдат дека долго време се борел со карцином.

Веста ја потврди и HBO, сервисот кој ги продуцира новите епизоди на серијата на кој работеше и Гарсон. На сет за последен пат бил виден во текот на јули.

„Вили Гарсон, како на екраните, така и во животот, беше верен пријател и светла точка на секој кој беше во неговиот живот. Го создаде еден од омилените ликови на серијата и беше дел од нашето семејство речиси цели 25 години. Многу сме тажни поради неговата смрт и упатуваме сочувство до неговото семејство и блиски пријатели“ изјави потпаролот на HBO.

Синот на актерот, Нејтен, кого го посвои во 2009 година,му оддаде почест на својот татко во емотивна објава на Инстаграм.

„Те сакам многу тато. Почивај во мир и многу ми е мило што ги сподели со мене сите твои авантури. Горд сум на тебе“.

„Секогаш ќе те сакам, но мислам дека е време да тргнеш во своја авантура. Секогаш ќе бидеш со мене. Ти беше најдуховитата и најпаметната личност што сум ја познавал. Мило ми е што ја сподели твојта љубов со мене. Тоа никогаш нема да го заборавам“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nathen Garson (@nathen_garson)

 

фото: VINCE BUCCI / AFP / Profimedia/Tanjug ap

Останати вести од Радио Милева