Мегафон
тажна вест

Почина Чарли Вотс, легендарниот тапанар на „Ролингстоунс“: Членовите на бендот со емотивни објави се збогуваа од својот колега и пријател

Почина  Чарли Вотс, легендарниот тапанар на „Ролингстоунс“: Членовите на бендот со емотивни објави се збогуваа од својот колега и пријател

Многу светски sвезди се збогуваа од Чарли Вотс, тапанарот на легендарните „Роулинг Стоунс“ кој почина вчера на 81-година. Сите колеги и пријатели се согласија дека тој беше врвен музичар и вистински џентлмен.

Неговите колеги од „Ролинг Стоунс“ поединечно се збогуваа со Чарли. Мик Џегер објави фотографија од тапанарот на социјалните мрежи и не напиша ниту еден збор, што доволно кажува колку веќе му недостасува. Рони Вуд објави заедничка фотографија со Чарли Вотс и напиша: „I love you my fellow Gemini. I will dearly miss you. You are the best“. Објавата на Кит Ричардс е дефинитивно најтажната. Имено, тој објави фотографија каде има само тапани со натпис „CLOSED“.

Покрај колегите од бендот, од Чарли се збогуваа и: Елтон Џон, Пол Стенли, Ринго Стар, Дејвид Ковердејл, Брајан Адамс и многу други.

Фото: Инстаграм принтскрин/charliewattsofficiаl/Reuters