Мегафон
тажна вест

Почина актерот Милан Лане Гутовиќ: Шојиќ замина во вечноста

Почина актерот Милан Лане Гутовиќ:  Шојиќ замина во вечноста

Актерот Милан Лaнe Гутовиќ почина на 75 -годишна возраст на Воено -медицинската академија (ВМА) по кусо и тешко боледување, пренесува агенцијата Бета, што го потврди и синот на Гутовиќ. Минатата недела, актерот беше примен во болница, каде што беше сместен на интензивна нега, а подоцна беше ставен и на кислородна поддршка. Сите тестови за коронавирусот покажаа дека актерот е негативен, но тој имаше промени во белите дробови за кои лекарите претпоставуваа дека можат да бидат последица на претходно прележан Ковид-19.

Гутовиќ е роден на 11 август 1946 година во белградската населба Умка, а потоа живеел во Кумодраж. Во последниве години, тој често кампуваше и ловеше риби. Родителите на Лане беа воспитувачи. Има постара сестра, Бојана, за која еднаш рече дека секогаш ја штити. Сакал да се запише на Природно – математичкиот факултет, но се обидел на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, каде веднаш бил примен. Тој беше оженет и има ќерка Милица. Таа тргнала по патот на нејзиниот татко, а покрај актерството се занимава и со балет. На крајот на 2016 година, Милица се породи, па актерот стана дедо. Повеќе од една деценија, тој беше во вонбрачна врска со Билјана Кнежевиќ, балерина во театарот Теразије. Со неа ги има синовите Јанко и Спасоје. Улогите во сериите и филмовите како „Тесна кожа“, „Метли без рачки“, „Отворени врати“, „Бела лаѓа“ се само дел од неговите достигнувања и проекти во кои го даде својот личен печат, но сепак последните години беше запаметен по ненадмината улога на директорот Среќко Шојиќ.