Радио Милева
прва радост

Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ стана татко: Стефан доби син! (ФОТО)

Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ стана татко: Стефан доби син! (ФОТО)

Стефан Петрушиќ, победникот во петтата сезона на  регионалниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“, доби син, а среќната вест веднаш се сподели на социјалните мрежи.

Имено, по повод оваа убава вест, Стефан објави на својот профил каде објави фотографија на која неговата сопруга Марија го држи за рака нивниот новороден син, кму му дадоа име Павле.

 

„Моите два херои. Ти благодарам за најубавиот подарок што можеше да ми го дадеш. Те сакам“ – напиша Стефан со фотографијата.

„Се заљубив во нешто најслатко на светот“, напиша сопругата на пејачот.


Инаку, Стефан и Марија се заколнаа еден на друг на вечна љубов во мај годинава, во храмот Свети Сава, а со оглед на тоа дека таа веќе беше бремена, тоа беше само една дополнителна причина нивната среќа да биде поголема, што сега и се оствари.

Фото: Инстаграм принтскрин/stefan_petrusic

Останати вести од Радио Милева