Радио Милева
Гледај ја ќерката, избери ја мајката...

Победничката на „Задруга 4“ Ива Гргуриќ излезе со мајка и да се прошета: Таа е „авион“, мајка и „ракета“! (ФОТО)

Победничката на „Задруга 4“ Ива Гргуриќ излезе со мајка и да се прошета: Таа е „авион“, мајка и „ракета“!   (ФОТО)

Победничката од четвртата сезона на реалното шоу „Задруга“, Ива Гргуриќ, сношти излезе со својата мајка Јасна, па обете ја воодушевија јавноста, како со нивната неверојатна сличност, така и со својата нереална убавина.

Мајката и ќерката едноставно блеснаа заедно, а она што може да се заклучи е дека и двете изгледаат одлично, и дека повеќе личат на две пријателки или сестри, отколку на мајка и ќерка, зашто ако Ива е „авион“, мајка и е „ракета“… За годините што ги има, се разбира!

И двете беа дотерани и стокмени од глава до петици, па Гргуриќ јавно се огласи и истакна колку е горда на својата згодна мајка.

„Сите мислеа дека сум излегла со сестра ми. Таа е мајка на четири деца, влегува во 5-тата деценија од животот, секој ден трча по 8 километри, готви, пере, се грижи, а во исто време изгледа како ракета! Тоа е мајка ми и се гордеам со неа“ – истакна Ива, а следбениците беа воодушевени и соодветно ја опсипија со бројни комплименти и пофалби од типот:
„Гледај ја ќерката, избери ја мајката…!“

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/tumirjasna/iva_grguric_official

 

Останати вести од Радио Милева