Радио Милева
кривично дело или постбрачен циркуз?

По сомнежите дека бил отруен од бившата сопруга, мисицата Кристина Димитриевска, пејачот Даниел Кајмакоски потврди дека е во болница: „Трет ден сум овде…“

По сомнежите дека бил отруен од бившата сопруга, мисицата Кристина Димитриевска, пејачот Даниел Кајмакоски потврди дека е во болница: „Трет ден сум овде…“

По веста која како бомба одекна во насловите и написите на одделни медиуми дека македонскиот Х- фактор победник и евровизиски претставник, Даниел Кајмакоски наводно „бил отруен“ од неговата бивша сопруга,  мисицата Кристина Димитриевска, пејачот се јави од болница.

Тој со кус статус на социјалните мрежи, поточно на еден од своите Фејсбук профили се огласи и обраќајќи им се на своите пријатели, фанови, јавноста и медиумите, напиша:

„На сите мои пријатели и фанови, сакам да им се заблагодарам за грижата и поддршката. Трет ден сум во болница.Би ги замолил медиумите за разбирање, како и да не објавуваат непроверени информации.
Да оставиме надлежните органи да си ја вршат својата работа согласно законот за расчистување на случајот“ – стои во јавното обраќање на Кајмакоски.

Инаку,  некои од македонските медиуми ја пренесоа веста дека Даниел Кајмакоски во петокот, на 17 април, 2021 г.  бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“  во Скопје откако почувствувал слабост. Тој се посомневал дека му се слошило од кафето кое му го дала поранешната сопруга, манекенката, модел и пејачка Кристина Димитриевска во кое се сомневал дека наводно му ставила некаква непозната опојна супстанца или дрога, како што објави А1он.мк. По нивната средба на Даниел му се слошило, по што тој завршил во болница.

Кристина Димитриевска не била расположена за коментари, туку се повикала на својот адвокат кога се нејзините изјави за медиумите во прашање.

До расчистувањето на случајот, да потсетиме дека по три години брак од кој го имаат синчето Давид кој неодамна наполни 4 години, во 2019 година  Даниел и Кристина решија да се разведат. Навидум договорно, без голема медиумска помпа и без конкретни детали каде лежи проблемот на нивните брачни недораразбирања.

Потоа секој тргна на своја страна, детето остана со мајката во Македонија, а Даниел се пресели во Белград каде беше дел од телевизиското шоу „Твоето лице звучи познато“, а настапуваше и по некои од елитните белградски ноќни клубови се до почетокот на коронапандемијата.

Кристина пак, реши да ја обнови манекенската кариера, учествуваше на разни интернационални избори за мис од кои донесе и титули, се посвети на фотомоделството и инфлуенсерството, а се обиде да прави и музичка кариера снимајќи неколку песни, сама или во дует  на македонски и српски јазик.

Сепак, нивниот развод колку и да изгледаше „мирољубив“, од првиот момент беше јасно дека „нешто не штима“ и во постбрачните односи меѓу бившите сопружници.

Димитриевска во неодамнешното интервју за ТВ магазинот „Бекстејџ“ ја откри причината зошто Даниел не присуствувал на последниот роденден на синот.

„Јас во едно интервју изјавив дека јас сум мајка и татко на мојот син, така да сите ќе разберат што сакам да кажам со таа реченица“ – изјави мисицата од чии зборови може да се заклучи дека Даниел или не ја плаќа предвидената алиментација или  не води доволно татковска грижа за својот наследник, без оглед што не живее во брачна заедница со  мајката на детето.

Инаку, медиумите забележаа дека Кајмакоски ниту на социјалните мрежи не упати честитка за роденденот на наследникот.

Иако Даниел веќе некое време живее во Белград, тој изминатиов период престојувал во Македонија, а според објавените фотографии се прошетал и во Охрид, но не открил дали се видел со синот и дали поминале заедно некое време. Пејачот исто така не се огласи по овој повод, се’ до последната случка по средбата со бившата сопруга и наводното труење, чија разврска допрва  очекуваме  да заврши како опасно кривично дело или обичен постбрачен циркуз?!

Фото: Фејсбук принтскрин/Daniel Kajmakoski

Видео: Јутјуб

 

Останати вести од Радио Милева