Ана Севиќ, по објавувањето на нејзиниот развод од Дарко Лазиќ, не мирува.

Пејачката цело време патува, а синоќа случајно или намерно се најде на Копаоник каде се одржува фестивалот „Музичка недела“. Ана цела вечер уживаше во хитовите на „Магла бенд“, а во еден момент таа беше фатена од фотобјективите во прегратка на фронтменот на групата – Владан.

Тие беа прегрнати, држејќи се за раце, а Ана за оваа пригода беше облечена во посебна гардероба со длабоки расцепи. Насмевките кажуваат повеќе од илјада зборови …
„Помислив на стиховите од нашата нова песна „Само вечерва појави се“ и се појавија гледам, некои убави и драги лица тука. Мило ми е што се овде“ – мистериозно изјавил Владан.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.