Радио Милева
тежок живот „народњачки“...

По Рада Манојловиќ и Инди Арадиновиќ падна од сцената и ги „расцвета колената“ (ФОТО)

По Рада Манојловиќ и Инди Арадиновиќ падна од сцената и ги „расцвета колената“ (ФОТО)

Пејачката Рада Манојловиќ неодамна падна додека се качуваше на сцената и се повреди, а сега истото и се случи на нејзината колешка Индира Инди Арадиновиќ.

Имено, пејачката на својот Инстаграм објави видео и фотографии на кое јасно се гледаат нејзините модринки и гребаници по колената откако и таа паднала од сцената.

„Паднав, па се отепав. Тешко се живее“ – споделила таа, покажувајќи ги модринките на „рaсцветаните колена“.

За среќа, освен полесните повреди и стресот, Инди поминала без изместувања или скршеници на нозте, ама затоа од случката извлекла поука да отвора „четири очи“ кога е на сцена.

Фото: Инстаграм принтскрин/indy_ara_indira

Останати вести од Радио Милева