Радио Милева
шоуто продолжува

По продажбата на Гранд, Саша Поповиќ останува во „Ѕвездите на Гранд“, а еве колку ќе изнесува неговата месечна плата

По продажбата на Гранд, Саша Поповиќ останува во „Ѕвездите на Гранд“, а еве колку ќе изнесува неговата месечна плата
фото: инстаграм/саша поповиќ гранд

Лепа Брена и Саша Поповиќ го продадоа „Гранд“, а од продажбата заработија 30 милиони евра, пишуваат српските медиуми.

По тој повод, тие организираа прослава во еден белградски локал на кој присуствуваа нивни вработени, како и речиси цела српска естрада.

фото: принтскрин/прва.ес

Како што пишуваат српските медиуми, Брена потполно се повлекла од продукцијата, додека Саша Поповиќ директорското место го препуштил на Александар Милиќ Мили.

Поповиќ нема да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ кои веќе траат 14 сезони. Тој и понатаму ќе биде креативен директор, а како што се пишува неговата месечна плата 25 000 евра.

фото: ата имагес

„Останувам тука. „Ѕвездите на Гранд“ ќе траат засекогаш“, изјави Поповиќ.

Потсетуваме, Брена и Поповиќ пред неколку месеци продадоа 49% од Гранд, додека пак другите 51% ги продадоа во 2014 година кога добија околу 15 000 евра.

Останати вести од Радио Милева