Радио Милева
Со наведната глава

По пресудата во полза на Џони Деп, Амбер Херд е банкрот – за неа нема враќање во Холивуд

По пресудата во полза на Џони Деп, Амбер Херд е банкрот – за неа нема враќање во Холивуд

Холивудската актерка Амбер Хард, се соочува со кариерна и финансиска пропаст откако го загуби случајот за клевета од поранешниот сопруг Џони Дип, поради што мора да плати 8,35 милиони долари.

Стручњаците сугерираат дека после овој судски спор „ за Хард нема враќање во Холивуд“, додавајќи дека драматичната шестнеделна судска битка ја остави актерката „премногу гадна за студио“, што ја става под знак прашалник нејзината понатамошна кариера, а со тоа и идната заработувачка.

Амбер Хард во текот на судењето рекла дека нејзината кариера е тешко оштетена со овој случај, откривајќи како Дип ја туѓел и ја спречил да го исполни ветувањето дека ќе донира 7 милиони долари на Американската унија за граѓански слободи.

Американската аналитичарка на холивиудската индустрија, Кетрин Арнолд, истакна дека Хард со спорот изгубила можна заработувачка од 50 милиони долари.

Хард сега се соочува со низа проблеми по поразот на судењето. Што се однесува до нејзината кариера, малку е веројатно дека некој од холивудските шефови ќе ја земе предвид за некоја идна улога. Во финансиска смисла, актерката и сведоците алудирале на нејзините проблеми со парите, додека огромниот излив на поддршка што го доби Дип, може да доведе до тоа брендовите и компаниите да ја избегнуваат Амбер Хард во своите реклами.

Сметката за отштета, најверојатно ќе ја примора актерката да го распродаде имотот вклучително и руралното скривалиште од 570.000 долари во долината Јука како и џипот што го задржала по разводот со Дип.

Хард претходно изјави дека морала да се „бори“ за да ја задржи улогата во продолжението на суперхеројскиот филм Аквамен од 2018 година и дека во последните две години глумела само во еден филм.

Британскиот стручњак за односи со јавноста, Марк Борковски, смета дека за хард нема враќање во Холивуд.

„Нема враќање за Хард во Холивуд. Ако седите таму и снимате филм или размислувате за тоа да го глумите, дали ќе ја ангажирате? Погледнете ги сите оние негативби реакции околу Аклвамен 2 каде петицијата за Хард да биде исфрлена од филмот синоќа имаше четири милиони потписи. Судењето го „загадува“ секој маркетинг или ПР за нов филм“ – истакнува Борковски.

фото:EPA?EFE

Останати вести од Радио Милева