Радио Милева
по вторпат

„Драмата“ на Лила да полета од аеродром и да го напушти Скопје имаше среќен крај: Водителката замина на ова егзотична дестинација – „Чувството е прекрасно“

„Драмата“ на Лила да полета од аеродром и да го напушти Скопје имаше среќен крај: Водителката замина на ова егзотична дестинација – „Чувството е прекрасно“
фото: Инстаграм/ лила филиповска

Македонската водителка Лила Филиповска како и многумина сака да патува, па пред да фати пандемијата со коронавирусот  таа често знаеше да ги спакува куферите и да замине некаде.

Меѓутоа, изминатата година поради Ковид 19 ретки беа патувањата, па така водителката најголемиот дел од времето го поминуваше во Скопје.

Сепак, по неколку месеци, Лила деновиве првпат реши да ги спакува куферите и да лета. Арно, ама не е се така како што планираме.

Водителката пристигна на аеродром, но по неколку часа чекање летот се откажа поради маглата.

Откако не се качи во авион, Филиповска се врати дома.. Но, вчера повторно се упати на аеродромот во Скопје за да си ја исполни желбата и по неколку месеци конечно да оди на некоја дестинација.

Меѓутоа, за малку авионот повторно да не полета и летот на Лила повторно да биде откажен. Како што откри таа во кусите приказни на Инстаграм, авионот се обидувал два пати да слета, но поради силниот ветер обидот бил неуспешен.

фото: Инстаграм/ лила филиповска

По третиот обид откако авионот слетал на аеродромот во Скопје, водителката откри дека не се откажува летот и дека авионот ќе полета кон нејзината дестинација.

фото: Инстаграм/ лила филиповска

Таа прво сподели неколку фотографии од авионот, а потоа откри дека се наоѓа на аеродромот во Истанбул.

фото: Инстаграм/ лила филиповска

Нашата позната водителка замина во Кападокија, а веднаш по пристигнувањето не чекаше многу за да објави фотографии.

„И еве ја Кападокија…вторпат…чувството е фантастично….а хотелот е вистинска пештера како и сите хотели овде“, напиша таа.

фото: Инстаграм/ лила филиповска

Па кој знае да ужива, знае да ужива.

Останати вести од Радио Милева