Радио Милева
непријатна ситуација

По наводниот скандал кој се случил на погребот на Марина Туцаковиќ, се огласи соработникот на Јелена Карелуша – кратко и јасно откри што се случило

По наводниот скандал кој се случил на погребот на Марина Туцаковиќ, се огласи соработникот на Јелена Карелуша – кратко и јасно откри што се случило

Најголемиот регионален текстописец, Марина Туцаковиќ почина на 68 години по тешката битка со опасната болест.

Марина вчера (29.09.2021) беше погребена покрај нејзиниот син Милош Радуловиќ кој почина пред неколку години.

На погребот на Туцаковиќ присуствуваа нејзините најблиски членови на семејството, пријатели, колеги, меѓу кои Јелена Карлеуша, Милан Калениќ, Дејан Матиќ, Цеца Ражнатовиќ, Мина Костиќ.

Како што пренесуваа српските медиуми, на погребот се случила мала непријатност односно синот на Марина, Милан им забранил на Цеца, Милан и Мина да се приближуваат до гробот на неговата мајка.

„Вие немојте да се приближувате, останатите можат“, наводно изјавил Милан по погребот, па Мина, Калниќ и Цеца наводно си заминале.

Мина и Милан Калениќ се огласија и истакнаа дека наводно тоа го кажал за да држат дистанца поради пандемијата со коронавирусот.

Од ПР тимот на Цеца велат дека пејачката нема да го коментира овој инцидент.

Од друга страна, се огласи и најблискиот соработник и ПР на Јелена Карлеуша. Имено, некој на Твитер праша дали тоа навистина се случило на погребот на Марина Туцаковиќ, а Зоран одговори: „Не“.

фото: Курир.рс/стефан стојановиќ/принтскрин/курир.рс/твитер/инстаграм/карлеушастар

Останати вести од Радио Милева