Радио Милева
вистина

По написите дека е во врска со Џенифер Анистон, се огласи Дејвид Швимер и ја откри вистината

По написите дека е во врска со Џенифер Анистон, се огласи Дејвид Швимер и ја откри вистината

Во медиумите се појавија вести дека Џенифер Анистон и Дејвид Швимер дека се во љубовна врска.

Како што изјави извор, нивното зближување се случило на почетокот на снимање на проектот „Friends Reunion“ во кој зборуваа за серијата „Пријатели“ во која глумеа пар.

– По собирот, стана јасно дека размислувањето за минатото ги разбуди чувствата кај двајцата и дека хемијата што ја чувствуваа е сe‘ уште присутна. Наскоро почнаа да се допишуваат, а минатиот месец Дејвид полета да ја посети – рекол извор за списанието Closer.

Се зборуваше дека парот е виден како се шета во една винарија во Санта Барбара – Калифорнија.

Меѓутоа, претставникот за медиуми на Швемир ги демантираше овие пишувања.

За време на снимањето на специјалната епизода „Пријатели“, актерите признаа дека се вљубени еден во друг, но дека нема ништо меѓу нив и дека сите свои емоции ги насочија во ликовите што ги играа.

фото: SHUTTERSTOCK/Tanjug AP/Jordan Strauss, Tanjug AP/принтскрин

Останати вести од Радио Милева