Радио Милева
тајна венчавка

По многубројните љубовници на крај се омажи и му кажа „Да“ на мажот кој обожава се*с во тројка (фото)

По многубројните љубовници на крај се омажи и му кажа „Да“ на мажот кој обожава се*с во тројка (фото)

Странските медиуми пишуваат за тајната венчавка на пејачката Рита Ора и режисерот Таико Вејтити. Медиумите дојдоа до информација дека парот згазнал на лудиот камен врз основа на фотографии на кои се гледа дека и двајцата носат бурми.

До медиумите стигна информација дека презимето на Рита сега е Вејтити-Ора.

Покрај тајната венчавка, чуден е и фактот што парот не отишол на меден месец, туку продолжил да живее и работи како никогаш да не се венчале. Додека пејачката снима нови хитови во студио, нејзиниот сопруг поминува време на филмскиот сет.

Блиски луѓе на Рита наведуваат дека нејзината желба била свадбата да биде тајна, како и врската со режисерот.

Имено, Рита и Таики беа во врска година и пол, а нивното прво заедничко појавување се случи на премиерата на филм во Лос Анџелес во 2021 година.

Оттогаш папараците будно ги следеа, а потоа се откри дека славниот пар е во тројка, а партнерка им беше актерката Теса Томпсон. Изгледа дека парот уживал да биде приврзан со младата актерка, а сето тоа се случило за време на пријатен состанок на кој се пиело многу алкохол.

На самиот почеток на кариерата, Рита почна да излегува со Роб Кардашијан, братот на Ким Кардашијан. Таа дури се појави во неколку наврати во нивното реално шоу. Роб ја „изгуби главата“ за Рита, додека таа беше со него само за слава. Кога раскинале, Роб раскажал како пејачката го изневерувала со 20 мажи. Рита никогаш не негирала, само изјавила дека врската со Роб не била ексклузивна и затоа го оставила. По раскинувањето, Роб се здебелил 135 килограми и никогаш не се опоравил од шокот.

После тоа, Рита се впушти во бурна афера со раперот A$AP Rocky, кој призна дека ја изневерил својата девојка во тоа време со Рита. Пејачката сама ја откри аферата, па раперот и се налути и ја навреди во својата нова песна.

Но, Рита не дозволила тие лоши приказни за неа да ја поколебаат. Таа храбро чекореше во потрага по нов љубовник, па беше во кратка врска со Келвин Харис, а потоа и со Луис Хамилтон.

Но, ниту Таика Вејтити не е ангел. Тој самиот имал голем број афери, но  и брак со Челзи Винстанли има и две ќерки кои го следат на секоја можна сесија за снимање. Иако многумина го гледаат како прекрасен семеен човек, не е тајна дека тој обожава откачени секс игри и со задоволство ги користи.

Ако Рита кажала „да“ на Таики, тогаш кажала „да“ и на авантурите во брачниот кревет.

Фото:Принтскрин/Профимедиа/ЕПА/Рита Ора

Останати вести од Радио Милева