Радио Милева
нови детали

По драмата во домот на Карлеуша, се огласи и адвокатот на Душко Тошиќ: „Оставете ги да живеат на раат“

По драмата во домот на Карлеуша, се огласи и адвокатот на Душко Тошиќ: „Оставете ги да живеат на раат“

Небојша Перовиќ, адвокатот на Душка Тошиќ, нагласи дека поранешниот фудбалер негирал дека ја удрил сопругата Јелена Карлеуша и апелираше до медиумите семејството да се остави на мира Карлеуша-Тошиќ.

– Господинот Тошиќ беше сослушан и испрашуван. Тој негираше дека го сторил делото. Сите натписи што беа во медиумите, каде што се зборуваше за се и сешто, мене ми личат најмногу на едно претерување. На тоа треба да му дојде крајот и да се остави на мира семејството да живее во љубов, мир и кавга како што живеат сите други семејства. Свесни сме дека тие се исклучително популарен пар бидејќи оваа сцена не е нешто големо, но избувна во јавноста – изјави адвокатот за Курир.

За потсетување,, Јелена на Божиќ го пријавила сопругот во полиција за семејно насилство, откако и удрил шамар во нивниот дом на Дедиње.

Јелена одби да поднесе пријава, како и да прифати соодветна медицинска помош, но без оглед на тоа обвинителството одлучи да го сослуша Душко Тошиќ поради проценката на ризикот.

После тоа, му беше изречена забрана за приближување и контакт со Карлеуша во траење од 48 часа, па истата беше продолжена на 30 дена.

По тој повод, се огласи и Тошиќ кој истакна дека во јавноста е претставен во лошо светло и дека никогаш не бил насилник туку се трудел да биде џентламен.

фото: инстаграм/карлеушастар/курир.рс

Останати вести од Радио Милева