Радио Милева
името може, тендерот не го даваме...

По аферата со владините тендери на Жарко Димитриоски, неговата емисија го менува името: Падна предлог како да се вика „Еден на еден“ и еве кој е новиот кум на името (ФОТО)

По аферата со владините тендери на Жарко Димитриоски, неговата емисија го менува името: Падна предлог како да се вика  „Еден на еден“ и еве кој е новиот кум на името (ФОТО)

Откако медиумите објавија дека фирмата “Еден на еден“ на ТВ водителот Жарко Димитриоски само годинава добила  на 9 тендери од различни институции околу 18 милиони денари или 300.000 евра, лавината реакци не запира.

Порталите не престанаа да пишуваат за неверојатните суми кои владините институции и компании кои му дале тендери на Димитроски, меѓу кои   и Генералниот секретаријат на владата кој го води кумашинот на премиерот Мухамед Зекири, Државна Лотарија и Министерство за финансии, но и Управата за јавни приходи. Меѓу добиените тендери на неговата фирма има и такви со наслов „Набавка на услуги за двонасочна комуникација” – напиша порталот Експрес.

Откако тендер сумите беа обелоденети,  социјалните мрежи се усвитија и не престанаа да горат, а народот насмеаниот водител  „да не го вади од уста“.

Твитерџиите, фесјбукџиите и инстаграмџиите исто така… Меѓу сите оние што фрлаат „дрвја и камења“ по „Жаре – „бизнисменот“ осамнаа и некои  довитливи постови или споделени хумористични „сечени, лепени, монтирани“ фотографии, иако вистината немонтирана и сурово реална. По џебот на народот, секако!

Најпознатиот македонски камионџија ем истаграмџија, Дарко – Влогс исто така го „зеде водителот под свое“, па  сликовито кажа и прикажа се’ во една слика и три збора.

Емисијата на ТВ водителот Жаре Димитриоски го менува името. Ток шоуто повеќе нема да се вика „Еден на еден“… Сега има дебела причина за тоа. Камионџијата е новиот кум на името. Ја искористи банер рекламата на водителот за му го прекрсти шоуто.

„Еден на еден“ сега прераснува во „Тендер на Тендер“… Дефинитивно пологично, а и поискрено звучи, иако е само Инстаграм шега на Дарко – Влогс, на сметка на водителот… И тоа  во четири очи, без тендер! Тендерите претходно завршија… на истата сметка!

Фото: Инстаграм принтскрин/darkovlogs/edennaeden

 

 

Останати вести од Радио Милева