Радио Милева
Со својата приказна

По 34 години брак Миле Китиќ прозборе за вонбрачниот син кој наводно бил во Германија

По 34 години брак Миле Китиќ прозборе за вонбрачниот син кој наводно бил во Германија

Миле Китиќ и Марта Савиќ се заедно повеќе од три децении. Тие се венчаа во далечната 1988 година и покрај тоа што одвреме-навреме се слушаат гласини дека нивниот брак е во криза, нивната семејна среќа е тешко да се наруши.

Ќерката Елена, која ја добија пред 24 години, го следеше музичкиот пат на мајка си и татко и, а многумина и предвидуваат светла иднина на естрадата.

-Елена ги избегнува медиумите, има своја визија и не сака да дава изјави за новинарите, но ќе мора ако сака да се занимава со овој бизнис – откри пејачот како ја советува наследничката.

Инаку, приватниот живот на Миле Китиќ често беше под будното око на јавноста и поради шпекулациите дека Елена не му е единствено дете. Тој во интервју за Свет ги демантираше тврдењата на некои дека има вонбрачен син во Германија.

– Тоа е само приказна. Ме бркаше една низ Германија, реков дека е психопат и ме тужеше. Отидовме на суд, јас ги платив судските трошоци затоа што не може јавно да кажеш дека некој е психопат. Но, тоа беше навистина многу одамна. Нема ништо од вонбрачниот син, можат да кажат што сакаат. Да имав син, ќе го препознаев.

Тој нема вонбрачен син, но има две деца.

– За малку ќе излезе, како: Шокирана јавност, Миле има уште една ќерка. Па, имам ќерка од првиот брак, не е тајна. Таа има четириесет и нешто години. Пишуваат дека тој живее во Германија, а таа во Белград.

Првата сопруга на Миле Китиќ, со која се оженил кога имал 21 година, се вика Босиљка. Со неа ја добил ќерката Сања, која останала со мајка си кога нејзините родители се развеле во 1983 година.

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева