Радио Милева

Драгана Мирковиќ првпат проговори за кавгата со Цеца: „Доживеав лоши работи од неа, а бев тука кога и беше најпотребно“

Драгана Мирковиќ првпат проговори за кавгата со Цеца: „Доживеав лоши работи од неа, а бев тука кога и беше најпотребно“

По 20 години, Драгана Мирковиќ првпат проговори за нејзиното недоразбирање со Цеца Ражнатовиќ кое трае од деведесетите.

Во емисијата „Викенд премијера“ , Мирковиќ откри дека постои проблем меѓу неа и Цеца и дека не верувала дека едно „добровечер“ ќе направи толку голем проблем.

„Фина средба и едно „добровечер“ предизвика нешто што не очекував. Јас сум личност која е позитивна, весела, не сакам негативна енергија, а најважно е дека сум личност која простува“ вели Драгана и додава:

„Се случи среде интервју, ме поканија од РТС и бев испочитувана. Тие ми предложија да биде од 18ч бидејќи треба да се организирам, допатувам…Одлично беше. Среде интервју, таа не знаеше дека се снима…помина со својата екипа и јас со насмевка и се обратив „о, па добровечер“. Пред тоа не се сретнавме можеби 7 години. За тоа време, не се ни слушнавме,ни видовме“ изјави Мирковиќ и продолжи да раскажува за средбата на РТС.

„Не бевме сами, имаше околу 10 луѓе. Реков „добровечер“, а на тоа дочекав една бесен израз  на лице. Ми беше непријатно поради присутните, а таа влезе во гардеробата. Насмевката која се слуша е насмевка на новинарите. Јас така зборувам, со насмевка и тоа сите го знаат. Да кажеш “добровечер“ и да го сфатиш како провокација, јас тоа не можам да го разберам“ објаснува Драгана.

На прашањето дали меѓу нив нема проблем, Мирковиќ одговори.

„Јас не велам дека нема проблем, јас велам дека во оваа ситуација нема проблем. Цеца ја искористи својата слава, па наместо да ужива со гостите, таа излезе пред камерите и зборува за тоа. Јас тоа го разбирам како лош начин на прозивање на колешка. Јас такво нешто немам кажано, а и никој нема да пронајде видео или аудио каде јас лошо зборувам за Цеца“ вели сопственичката на ДМ САТ.

Мирковиќ откри дека од Цеца доживеала само лоши работи.

„Се датира од 90тите кога доживеав лоши работи од Цеца и нејзината екипа.Секогаш бирав да се повлечам. И дојде периодот кога Цеца беше забранета на оваа телевизија бидејќи им направила лоши работи на сопствениците“ раскажува Драгана.

По забраната на Пинк, Цеца и се јавила на Мирковиќ која и ги отворила вратите на ДМ САТ.

Откако, поминала забраната и Цеца се вратила на Пинк, работите се промениле.

„Откако се врати на Пинк, пак се врати на старо. Јас повторно преживував некои работи од нејзините луѓе и сите знаат кои се тие луѓе. Јас молчев, а сега кога се сретнавме мислев дека е културно да кажам „добровечер“. Јас не можам да верувам што ми се случило, но и повторно да ја сретнам, повторно ќе кажам „добровечер“, вели фолк пејачката.

Останати вести од Радио Милева