Радио Милева
кобна ноќ

По 14 години од смртта на Тоше пред камерите на „Бекстејџ“ проговори еден од неговите најдобри пријатели: „Го молевме да не тргне таа вечер“

По 14 години од смртта на Тоше пред камерите на „Бекстејџ“ проговори еден од неговите најдобри пријатели: „Го молевме да не тргне таа вечер“

Во саботата, на 16.10.2021 се наполнија 14 години од смртта на македонскиот пејач Тоше Проески.

Светската и македонска легенда Тоше Проески остави траен белег на музичката сцена, остави безброј хитови, кој вртат и ќе вртат уште многу години.

Многу генерации израснаа со неговите хитови, салите и плоштадите беа полни на неговите настапи, беше миленик на цел Балкан, но и пошироко.

На тoj ден посебно се присетуваат на него, естрадните личности со емотивни пораки се огласија на социјалните мрежи потсетувајќи се на македонскиот пејач.

Познатите се сеќаваат: Jaвните личности со емотивни пораки по повод 14 години од смртта на Тоше Проески – Вистина.мк (vistina.com.mk)

После 14 години неговиот голем пријател Сретен пред камерите на ,,Бекстејџ,, се одлучи да прозборе и си ја отвори душата за таа кобна ноќ.

Тој во интервју за „Бекстејџ“ откри зошто досега не се огласувал и не давал изјави во медиумите.

„Сега ќе бидам малку искрен и брутален. Мислам дека луѓето кои даваа интервјуа за Тоше, од сите тие луѓе, можеби 3, 4 бевме навистина толку блиски со Тоше и нон стоп со него, другите беа на поминување или само што го запознале. Многу ме нервираше што на неговата трагедија се обидуваа да добијат популарност и да се појават во медиуми, да покажат нешто, односно тие да се екпонираат“, вели Сретен.

Тој живеел ѕид до ѕид со Проески и открива каков бил како сосед.

„Беше супер. Знаеше да дојде кај мене да седиме до 3, 4 да легне на под да гледаме филмови, да слушаме музика. Во поткрвјето на неговиот дом направи студио и ми кажа: „Среле зошто сите снимаат, сите пејат“, а јас му кажав – „Кој пропеал, овој или оваа, па и јас можам да фатам да пејам“, и тој ми одговори: „Ајде тогаш да снимем дует“, а јас му одговорив: „Кај ќе пејам јас со тебе, појма неам“, и тој ми вика „Што се секираш на компјутер сė се прави“ се сеќава пријателот на Тоше и додава дека се договориле да снимаат песна.

Сретен раскажа како изгледа и последната средба со македонскиот пејач.

„Вечерта кога требаше да тргне за Загреб, јас сум сведок дека последни кои го испратија бевме Адријана и јас.Дури се сеќавам колку го убедувавме да тргнат сабајлето во 5,6 дека ќе стигнат во Загреб, а не вечерта во 00ч. Но, Тоше беше тврдоглав, и тој беше како големо дете и кога ќе запне нешто и тоа, тоа. Тоа мораше така да биде. Вечерта, Адријана и јас ги ставивме торбите, се поздравивме, и тоа беше тоа. Утрото, околу 5,6 кога станав слушнав врискање, мислев дека нешто се случило, земјотрес, дали некој влегов во комплекосот и некој нападнал, а тоа беше Адријана која тогаш ја примила веста за смртта на Тоше“, вели Сретан.

Потсетуваме, Тоше Проески почина во 2007 година почина во сообраќајна несреќа на пат за Хрватска, кај местото Нова градишка.

фото: принтскрин/јутуб/бекстејџ/Инстаграм/тоше проески

Останати вести од Радио Милева