Радио Милева
прокоментира

Петар Грашо се огласи по написите дека е во врска со 14 години помладата Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ

Петар Грашо се огласи по написите дека е во врска со 14 години помладата Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ

По пишувањата на хрватските медиуми дека Петар Грашо наводно е во врска со Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ, се огласи и пејачот и ги прокоментира овие пишувања.

„Никогаш не ја користев јавноста како платформа за презентација на својот приватен живот, како во тешките, така  и во најубавите моменти. Ќе останам верен на тоа“, кратко изјави пејачот за „Јутарњи лист“.

Наводно, 45 годишниот Петар својата среќа ја пронашол со 14 години помладата Хана, а според пишувањата на дневник.хр тие веќе некое време се во врска.

Хана и Петар веќе неколку години се добри пријатели, но и соработници бидејќи пред неколку години ја снимија хит песната „Срце за водича“.

И таткото на Хана, Тончи Хуљиќ ги прокоментира написите за наводната врска меѓу неговата ќерка и пејачот.

„Разбрилив ми е интересот на медиумите за Хана и Петар, но никогаш во јавност не го коментирав својот приватен живот, своето семејство, како и изведувачите со кои соработувам. Ако тие се среќни, а гледам дека се среќни и јас сум среќен“, изјави Тончи Хуљиќ за „Јутарњи лист“.

За потсетување, неодамна Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ раскинаа по 24 години врска.

фото: Zarko Basic/Pixsell/Marko Dimic

Останати вести од Радио Милева