Радио Милева
среќен е

Петар Грашо првпат проговори за врската со 14 години помладата Хана: „Ние сме среќни и задоволни“

Петар Грашо првпат проговори за врската со 14 години помладата Хана: „Ние сме среќни и задоволни“

Пејачот Петар Грашо по раскинување на врската со Данијела Мартиновиќ започна нова врска со 14 години помладата Хана Хуљиќ.

Пејачот досега не сакаше да ги коментира пишувањата на медиумите дека има нова партнерка. Меѓутоа, пејачот сега се огласи и потврди дека се заедно и задоволни.

-Многу сме среќни и задоволни и така треба да биде. Хана е многу добро и среќни сме, изјави Грашо.

Тој призна дека го изненадиле некои вести за неговата врска со Хана.

-Јас некако научив дека колку повеќе го кријам приватниот живот, толку е поинтересен за јавноста. Но, морам да признам дека ме изненади креативноста на одредени медиуми во смислување на разни приказни. Ние го живееме својот живот, важно елуѓето околу да нас да се задоволни и сите да се мирни и задоволни, вели пејачот за „ИнМагазин“.

За потсетување, неодамна и Данијела се огласи по повод раскинувањето со Петар Грашо истакнувајќи дека било убаво минато.

фото: Никола Томиќ/инстаграм/хана хуљиќ

Останати вести од Радио Милева