Радио Милева
си ја отвори душата

Петар Грашо првпат проговори за венчавката со Хана Хуљиќ: „Драго ми е што сме вистинско семејство“

Петар Грашо првпат проговори за венчавката со Хана Хуљиќ: „Драго ми е што сме вистинско семејство“

Петар Грашо и ќерката на Тончи  Хуљиќ, Хана Хуљиќ претходната година започнаа врска, а наскоро ќе запловат во брачните води и ќе станат родители за првпат.

Иако не сака многу да зборува за приватниот живот и на оваа тема досега не се огласуваше, пејачот признава дека е многу среќен.

-Се случи љубов. Љубовта не треба да се планира, треба да се случи, за љубовта не треба премногу да зборувате. Тоа се некои работи кои човек треба сам да ги негува во себе. Да постои љубов. Да, се случува во еден период од животот со личност која во тој период ти значи најмногу со која можеш да се опушти и да пловиш, вели пејачот и откри дали планираат свадба.

-Ни тоа не е тајна, иако разгледавме 40 датуми. И Хана и јас сме личности кои не сакаме да се појавуваат во медиумите. Неверојатно е што толку многу нè имаше на насловни страници, а ние не сакаме да се појавуваме јавно, изјави Петар во емисијата „Премиера – викенд специјал“ и додаде дека се радува што ќе стане татко.

-Ќе станам татко. Благодарен сум што тоа ни се случи на нас. Малку ми е смешно што луѓето со телефоните секаде не фотографираат, имам 25 години кариера, но изгледа на луѓето им недостигаат убави приказни. Јас и понатаму ќе се трудам да ја чувам својата приватност бидејќи сакам на луѓето да песната да им биде важна, а не мојата спална соба, искрен е пејачот кој за семејството Хуљиќ има само пофални зборови.

-Тончи и јас секогаш еден на друг си бевме на располагање, од првиот момент, и приватно и професионално. Секогаш бевме семејство, а и сега сме вистинско семејство. Ја обожавам таа фамилија, а тие одлично се согласуваат со моето семејство. Живееме како сите нормални луѓе. Се шегуваме, смееме, порача Петар Грашо.

За потсетување, претходно Петар Грашо беше во 24 годишна врска со Данијела Мартиновиќ, а за тој период не запловија во брачните води.

фото: принтскрин/нстаграм/petar graso/hana.huljic petar_graso_fan_page

Останати вести од Радио Милева