Радио Милева
зазема страна?

Петар Грашо и Хана Хуљиќ неодамнаа се венчаа, а ова пејачка не се појави на нивната свадба

Петар Грашо и Хана Хуљиќ неодамнаа се венчаа, а ова пејачка не се појави на нивната свадба

Петар Грашо и Хана Хуљиќ се венчаа оваа сабота (19.02.2022), а сега се откриени детали од нивната тајна венчавка.

Дино Раѓа (54) беше кум на Петар Грашо. Тој одговараше на прашања на социјалните мрежи, а некој го праша кој го фатил бидермаерот од невестата.

-Баба Милка, се пошегува Раѓа.

Исто така, некои фанови коментираа дека им е жал за Данијела Мартиновиќ, а Раѓа истакна дека не треба да ја жалат бидејќи таа си заминала од Петар Грашо.

Парот се венчаше во црквата „Свети Доменика“ во Сплит, а на нивната венчавка присиствуваа семејствата, пријатели.

По венчавката, парот се упати на прослава во еден ресторан.

Меѓутоа, на свадбата не се појави хрватската пејачка Северина која беше добра пријателка со Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ, па изгледа дека е оваа знак на чија страна е по раскинувањето.

Инаку, Хана и Петар наскоро ќе станат родители по првпат.

фото:Printscreen/Instagram/dinoradja_official/petar_graso_fan_page/severina

Останати вести од Радио Милева