Љубов и Секс

Пет знаци дека сте во врска со психопат, еве што го издава

Пет знаци дека сте во врска со психопат, еве што го издава

Луѓето се во право кога велат дека љубовта е слепа. Од силна заљубеност и увереност дека сте во идеална врска се случува да не видите во кого навистина сте вљубени.

На почетокот сè изгледа супер, некои работи не успевате да ги забележите, но по некое време сфаќате дека вашиот партнер емотивно ве злоставува, додека тоа го прикрива со нежност и слаткоречивост.

Инстинктивно чувствувате дека неговото однесување не е во ред, но не сте сигурни што навистина се случува.

Препознајте ги ваквите личности со помош на овие 5 знаци и спречете го манипулаторот на време:

1.Ве обвинува дека сте виновна за сè

Емоционалниот психопат точно знае што прави и кога ќе згреши тоа никогаш нема да го признае. Наместо тоа, ќе ве обвини вас за грешката и ќе ве прогласи за извор на сите проблеми. За сè сте вие виновна и тука завршува приказната.

2.Лаже и глуми

Овој вид манипулатор лаже за сè без око да му трепне. Измислува и раскажува приказни за да ве измами и искористи како што му одговара. Многумина стануваат жртви и нивните искрени и силни чувства не им даваат да сфатат што е реално, а што измислено.

3.Вие сте виновна затоа што не може да доживее успех

Ќе ве увери дека вие сте виновни за сите негови неуспеси и дека е жртва на несреќа предизвикана од вас. Секој пат кога нема да успее во нешто вие ќе бидете препреката, и сето тоа го прави од чиста корист.

4.Вашите чувства не се важни

Се гледа само себеси, туѓите чувства не се важни. Вие сте негова совршена жртва, лабилна и подложна на влијанија. Тешко е да се извлечете од ваква врска, особено ако по некое време го изгубите чувството за тоа што е нормално.

5.Дружењето со други луѓе е забрането

Не доаѓа во обѕир во јавност да се појавите сами. Заборавете дружба со другарки, интеракцијата со остатокот од светот е строго забранета за да психопатот има целосна контрола над вас.

Не дозволувајте да го трошите времето со ваква личност, дајте шанса на некој кој искрено ќе ве сака и поддржува, наместо да ве понижува и контролира.

извор: кајгана