Љубов и Секс

Пет совети за незаборавен орален секс од соништата

Пет совети за незаборавен орален секс од соништата

Ако оралниот секс му е омилен на вашиот партнер, тогаш зошто да не го изненадите со некои неочекувани нови техники што ќе го остават без зборови?

Прочитајте ги нашите 5 врвни совети и пружете му орален секс од соништата!

1. Преземете контрола

Има нешто многу секси во тоа кога жената доминира врз мажот, особено кога станува збор за орален секс. Зошто не го фатите вашиот маж „неспремен“ и да го заведете во моментот кога најмалку очекува? Кога ќе излезе тазе бањат, само привлечете го кон себе, почнете да го бакнувате по целото тело и помогнете му да се ослободи од пешкирот. Оралниот секс додека тој стои може да биде возбудлив и вашиот партнер сигурно ќе „здиви“ на елементот на изненадување и фактот дека вие ја имате контролата.

2. Користете лубрикант

Сувоста за време на сексот може да биде непријатна за двајцата партнери и истото важи и за време на орален секс. Иако плунката делува како природен лубрикант, таа исто така се суши многу брзо и често по краток временски период устата може да се исуши. Воведувањето на лубрикант може да помогне да се реши ова и го прави искуството попријатно за давателот, како и за примачот. Има многу лубриканти со вкус, за да можете да експериментирате и да го пронајдете вкусот што ви одговара.

3. Истражувајте со рацете

Ако партнерот е надарен со голем пенис, може да ви биде тешко да ја завршите работата само ја користите само устата за време на орален секс. Користете ја едната или двете раце истовремено – ова може да биде корисна техника, што ќе ви овозможи да му дадете целокупно задоволство. Во комбинација со лубрикантот за кој зборувавме погоре, без напор ќе можете со дланките да одите нагоре и надолу по долниот крај на неговиот пенис, додека ги концентрирате усните околу горниот дел. Со едната рака би можеле да го погалите по скротумот и да си поиграте и околу пиринеумот за да ја зголемите чувствителноста.

4. Додадете „шмек“

Ако и двајцата го сакате тоа, можете да се обидете да вметнете и течно чоколадо, сладолед, мраз и други прехранбени елементи во оралниот секс. Сепак држете се подалеку од алкохол, бидејќи пенисот е нежен и чувствителен.

5. Покажете му дека уживате

Едно нешто што навистина треба да ја зголеми оралната секс-авантура за вашиот партнер е да му покажете дека навистина сте „присутни“ во целото искуство. Многу луѓе сметаат дека оралниот секс е едностран чин, но покажете му на вашиот маж колку уживате со говорот на телото и звуците што ги правите.

Обидете се со тивко стенкање или повремено застанувајте за да земете секси здив и кажете му колку е неверојатен неговиот пенис. Вклучете го уште повеќе користејќи ги рацете за да го истражувате сопственото тело, додека уживате со устата. Можете дури и да користите интимен масажер за да се стимулирате во исто време, што резултира со заеднички момент на кулминација.

Што НЕ треба да правите?

Да ја притискате. Доколку и вршите притисок да ви пружи орален секс, ќе се чувствува уште полошо. Наместо тоа, објаснете и дека оралниот секс е нешто во што навистина уживате, но дека ќе ја пуштите таа самата да одлучи кога е подготвена за такво уживање.

Да ѝ ја држите главата. Ова ѝ го отежнува дишењето. Од друга страна, некои жени ги возбудува пружањето на оралниот секс токму затоа што тие ја контролираат играта.

Да ѝ го диктирате темпото. Зборови како „побрзо” или „побавно” може да имаат тон на критика, а сигурно не би сакале да ја критикувате жената додека ви пружа орален секс. Давањето на упатства и насоки може да биде добро, но бирајте ги зборовите. Кажете ѝ на пример „Ми се допаѓа кога…”

Да ја оставите да „извиси”. Таа ви пружила орално уживање, а вие сте си завршиле работа и уредно сте си се облекле. Дајте ѝ до знаење дека ќе се погрижите и таа да биде задоволена. „Сега се чувствувам одлично и сакам да се фокусираме на твоето задоволство” би бил добар предлог за да ѝ ставите до знаење дека не е готово.

Што треба да правите?

Да ѝ кажете колку уживате. Жените сакаат да знаат дека нивните партнери се задоволни, па не заборавајте да ѝ го кажете тоа.

Бидете уредни. Пред да ги откопчате панталоните, средете се. Истуширајте се и погрижете се за влакната на интимната зона.

Користете кондом. Опасноста од добивање инфекција при орален секс е помала во споредба со односот кој вклучува пенетрација, но ризикот сепак постои. Поради заштита, користете кондом кога имате секс, особено со личност која малку ја познавате.

извор: Кајгана