Љубов и Секс

Пет работи за сексот кои и мажите и жените треба да ги знаат

Пет работи за сексот кои и мажите и жените треба да ги знаат

Сексот е забавен, прекрасен, магичен, но не сите сексуални искуства се толку забавни и убави. Кога станува збор за сексот, постојат неколку факти или правила за коишто не се зборува, а треба сите да ги знаат.

Во дискусија на Reddit, луѓето ширум светот споделија што посакуваат да знаеле за сексот уште при првото искуство.

Кондомите не може да ве заштитат 100%

Некои од сексуално преносливите болести може да се пренесат само со контакт преку кожата, дури иако користите кондом(како што е на пример херпесот или некој вид на човечки папиломен вирус).

Треба да одите во тоалет по сексуалниот однос

„Никогаш никој не ни кажал дека треба да одиме во тоалет после сексот. Убаво е да се знае зошто треба редовно да го правите тоа“, напиша еден корисник на Reddit.

Ако не уринирате по сексот, може да добиете инфекција на уринарниот тракт. Понекогаш може да помине без симптоми или со некои благи симптоми, но често знае да биде многу непријатна и болна појава, па мора да посетите лекар.

Предиграта е важна

Предиграта е многу важна и не треба да ја прескокнувате. Не брзајте ако се грижите за тоа како се чувствува вашиот партнер и прашајте го што му се допаѓа.

Не учете од порно филмовите

Важно е да знаете дека она што го гледате во филмовите е фантазија и дека ако се обидете да пробате нешто што сте го гледале ќе бидете разочарани, а може и да се повредите.

Треба да сакате и двајцата

Ова е сосема јасно – „да“ значи „да“, „не“ значи „не“. Ако на партнерот не му е до секс, не го присилувајте.

извор: кајгана