Љубов и Секс

Пет начини да ја расположите жената за секс

Пет начини да ја расположите жената за секс

Себичноста во кревет е една од работите кои жените најмногу ги презираат кај партнерот. Со оглед на тоа дека за повеќето жени предиграта е клучна, посветете внимание на овој дел кој ќе биде посветен исклучително за неа.

На кои начини може да го подобрите расположените на партнерката?

1. Водете почесто љубов

На женското либидо многу влијае и колку често има секс. Така што правилото е колку повеќе секс има жената, толку повеќе и ќе го сака, а во периоди без секс подобро ќе се адаптира за разлика од мажите. Она во што грешат мажите е форсирање на секс во облик на очекување или повик на извршување на должноста.

2. Бидете романтични

Изненадете ја по напорниот работен ден, дочекајте ја со романтична вечера на која ќе и спомнете колку го цените тоа што го прави за вас. Жените сакаат да биде забележано тоа што го прават, а фактот дека нејзиниот партнер е свесен за нејзината вредност е многу привлечна.

3. Предиграта е важна

Со оглед на тоа дека за повеќето жени предиграта е многу важна, навестете и вечер која целосно ќе биде посветена за неа и нејзиното тело. Најдобро е тоа да го направите порано во текот на денот, така што нејзината желба да расте во исчекување.

4. Не бидете предвидливи

Влегувањето во рутина и предвидливост во сексот најчесто е причина поради која се намалува задоволството во сексот и станува поредок во долгите врски.

5. Сексуалните фантазии се секогаш пожелни

Жените сакаат сексуални фантазии за маж кој ќе и покаже на поинаков начин колку ја посакува, фантазии кои се зачинети со некој фетиш. Доказ за тоа е и популарноста на книгата и филмот Fifty Shades of Grey. Ако одвреме-навреме се покажете како страстен љубовник кој сака да проба и нешто ново, или и дадете до знаење дека ви е толку привлечна што тешко се контролирате, тоа дефинитивно ќе ја возбуди вашата партнерка и во неа ќе разбудите уште повеќе желба за секс.

извор: Кајгана