Љубов и Секс

Пет кавги со кои (порано или подоцна) се соочуваат сите среќни парови

Пет кавги со кои (порано или подоцна) се соочуваат сите среќни парови

Проблемите поврзани со (или) бракот се неизбежни и сосема нормални, како и кавгите кои произлегуваат од проблемите.

Затоа не мора да се плашите од гласните дебати со вашиот партнер, бидејќи тоа не мора да биде знак дека нешто не е во ред со вашата љубовна врска. Напротив, кавгите се понекогаш корисни.

Ако никогаш не кажувате јасно и гласно дека со нешто не се согласувате, лутината и незадоволството ќе бидат потиснати, а подоцна ќе се манифестираат во вид на одмазливо однесување кое може да ја ослабне врската.

Партнерите треба да бидат способни да ги искажат своите грижи и желби.

Со овие 5 кавги се соочуваат сите среќни парови, порано или подоцна.

1.Трошење пари

Дури и најсложните парови дискутираат за начинот на кој ќе ги трошат тешко заработените пари. Овие кавги се чести поради различен систем на вредности. Планирајте го вашиот буџет за да видите што ви е неопходно, а што е непотребно фрлање на пари и договарајте се околу трошоците однапред.

2. Секс

Пар кој нема секс е ранлив пар. Треба да се договорите колку често ќе водите љубов и кои се вашите очекувања. Се разбира, водење љубов не е математика, па не можете да ја одредите точната бројка, но не може да ја избегнувате темата ако гледате дека постојат разлики и треба да се обидувате да го правите тоа почесто.

Игнорирањето на овој проблем може да предизвика едниот партнер да изврши прељуба.

3. Гнев

Ако едно лице израснало во семејство каде што вообичаениот модел на однесување било изразување на гневот, а потоа заборавање, а другиот партнер, растел во семејство каде што расправиите се избегнувале по секоја цена, во оваа врска тензијата ќе биде неизбежна.

4. Улогата на родителите во вашиот заеднички живот

Дали вашиот партнер го излудува кога вашите родители се мешаат во секој сегмент од вашиот живот или обратно? Време е да поставите некои граници.

Можеби немате еднакви мислења и ставови за тоа што е добро, а што не, но треба да зборувате за тоа и да ги почитувате ставовите на вашиот партнер.

Клучот е никогаш да не го критикувате вашиот партнер, како ни неговото семејство.

5. Домаќинство

Еден од разговорите што секој пар треба да го направи е како ќе ги споделите задачите во домаќинството. Зборувајте за тоа кој ќе изврши одредени задачи во домаќинството и имајте распоред за да ги зачувате среќата и мирот.

Останати вести од Љубов и Секс