Радио Милева
роденден мала забава

Пере од Нокаут имаше убав повод за славење: Македонскиот пејач славеше прв роденден на ќеркичката Софиа (фото)

Пере од Нокаут имаше убав повод за славење: Македонскиот пејач славеше прв роденден на ќеркичката Софиа (фото)

Македонскиот пејач Никола Перевски Пере од Нокаут во номеври претходната година по трет пат стана татко.

Имено, тој и неговата избраничка Јована добија ќерка за која го одбраа името Софиа. Отогаш целото нивно време и внимание е насочено токму кон најновиот член на нивното семејство.

Пере често знае на социјалните мрежи да сподели некоја заедничка фотографија со наследничката и да покаже како го поминуваат времето.

Меѓутоа, тој овојпат имаше посебен повод за славење. Имено, наслединчката наполни една година.

По тој повод, мама и тато на малата Софиа направија мала роденденка забава, а тоа го документираа со неколку фотографии на социјалните мрежи.

На едната фотографија, Пере позираше заедно со сопругата и наследничката, а пред нив е и роденденската торта.

Нема сомнеж дека уживале во убавото друштво ,а Пере преку социјалните мрежи се заблагодари за прекрасниот ден.

Инаку, Пере од првиот брак веќе ги имаат ќерките Михаела (21) и помалата ќерка Каја (13).

фото: инстаграм/пере нокаут

Останати вести од Радио Милева