Промотер

„Пеперминт“ го опејаа „новото нормално“ во – „Ненормално“ (ВИДЕО)

„Пеперминт“ го опејаа „новото нормално“ во – „Ненормално“ (ВИДЕО)

По пауза од над година и половина, скопска рок дружина „Пеперминт“,  се појави со нова песна насловена „Ненормално“Пајак и дружината познати посвоите саркастични, симпатично критизерски текстови, овој пат имале нова тема за обработка.

Имено како инспирација ги земали општите состојби во нашето општество, па и во светот, каде „новото нормално“ всушност е имплементација на извртени вредности, замена на „ненормалното“ за „нормалното“.  Состојби на кои светот тешко се навикнува, а елитата се повеќе му ги наметнува и го притиска, а нив најмногу ги чувствува обичниот мал човек.

Како и да е, овој пат „Пеперминт“ и музички избегале од својот вообичаен правец и звук, па „Ненормално“, нормално звучи поинаку: со примеси на џез и фјужн и вокален израз кој повеќе наликува на рецитирање отколку напеење, што можеби и не новост за бендот.

Песната ја следи уште едно нискобуџетнмо видео, кое е „ненормално“ добро артистички и визуелно спакувано, кое носи визуелна порака која ги поткрепува стиховите на темата дека се’ е „испреввртено наопаку“.

Комплетната песна и музички, аранжмански, текстуално е авторско дело на лидерот, гитарист и вокал на бендот, Горан Трифуновски – Пајак. Спотот  е сниман, монтиран и режиран од Горан, Ана и Теона Трифуновски.

Проследете како звучи и изгледа „новото нормално“ во темата „Ненормално“ на групата „Пеперминт“.