Радио Милева
дива мачка...

Пејачката во леопард бикини мами воздишки од Мајами: „Сенидах, мене ми е секогаш лето, штом те видам“! (ФОТО)

Пејачката во леопард бикини мами воздишки од Мајами: „Сенидах, мене ми е секогаш лето, штом те видам“! (ФОТО)

Пејачката Сенида Хајдарпашиќ позната како Сенидах одново ги почести своите следбеници на социјалните мрежи со  провокативна фото објава, овој пат од плажите на сончевиот  Мајами.

Пејачката на својот Инстаграм профил сподели фотографија во бикини со леопардов принт како ужива под топлото сонце далеку од дома.

Залегната и опуштена во удобната лежалка им се пофали на фановите дека има нов костим за капење, па ги запраша како им се допаѓа?

Иако не покажа премногу, Сенидах доби грст комплименти и пофалби за тоа како бикинито и стои. А како поинаку  отколку на дива мачка испружена на сончевиот брег, која очигледно на многумина им го разубавила денот. Или како што еден коментар вели: „Мене ми е секогаш лето, штом те видам“!

Фото: Инстаграм принтскрин/senida_h

Останати вести од Радио Милева